По пауза од две години поради Корона вирусот, фестивалот на авторскиот филм од Подунавскиот регион „ПРОФЕСТ 2022“ оваа година го претстави 11 издание во јужниот град на Србија – Ниш. На фестивалот кој се одржа од 30.09. до 02.10. 2022 година, учество зедоа 130 авторски трудови од 11 земји на тема “Убавина на различноста“ во телевизиска конкуренција. Од Македонија учествуваа две продукции, кои се закитија со награди.
Првата награда и беше доделена на новинарката Милама Мајер од Телевизија Бања Лука, втората награда му припадна на македонскиот автор Зоран Димов од БТР Продукција од Скопје, додека третата награда ја освои авторот Јован Трпески од „Морис Продукција“ од Охрид. Забележителни беа и трудовите на Дане Илиќ од РТС “Логор Старо сајмиште – место за присетување, оспорувања и на заборав“, филмот на Евгенија Атанасова од Бугарија „Изсонувани соништа“, филмот на Алина Стефанеску „Во потрага за Грофот Дракула“ од Румунија, „Вековна Словачка народна носија“ од Силвија Панакова од Словачка и други.
Изгледа дека организаторот водел сметка за темата „Убавина на различноста“, па наместо теми од актуелните случувања во светот, се одлучил да му посвети внимание на општествениот живот на жителите на планетата. – вели во изјава за OhridNews наградениот автор Јован Трпески.
Охридскиот „победник“ посвети тема за еден новопечен медар од охридското село Вапила кој тргнал во потрага по пчеларското семејство кое му „избегало“. Желбата да го врати во сопствениот двор го натерала да киниса во потрага на избеглиците, кога наеднаш, не само што ги наоѓа, туку во нив открива плен од пчелна вредност – мед, кој не можеше да се воздржи а да не го проба.
Вкусната стртаст од „ловот“ на пчелни избеглици беше суштина на филмот насловен како „Меден живот“. – додава Трпески.
Вториот македонски преставник Зоран Димов ја доби втората награда за филмот „Небо, круг, земја“.
Г.М.













