Утре и задутре на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи 16-тата Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2022.

Целта на Конференцијата е да поттикне отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академски кругови за различни аспекти на развојот на услужниот сектор, велат организаторите.

Учесниците на конференцијата ќе презентираат истражувачки трудови поврзани со тематски области на конференцијата во врска со туризмот и угостителството, осигурување, царина и шпедиција и финансиски услуги.

OhridNews