Во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“, во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, а под покровителство на Општина Охрид.
На колонијата творат уметниците Мајкал Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид, информираат од Здружението.
Додаваат дека сликарите творат во дворот и околината на подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците и со мештаните.
OhridNews


















