Наставничката од ОУ „Кочо Рацин“, Виолета Петковска, е една од четирите наставнички од Европа, кои се најдоа помеѓу 12-те најдобри во светот на Конкурсот за наставници „Global E- Innovation Award што го распишува интернационалната фондација „MIF“ од Индија.
Наградата на Петковска и се доделува за придонес во образованието и внесување на иновации во образовниот процес.
Оваа година изборот се одржа по петти пат, а пристигнале 4173 апликации од целиот свет.
Целта на интернационалниот конкурс е да ја поттикне и истакне кретивноста на наставниот кадар во образовниот процес.
Одделенскиот наставник Виолета Петковска е добитник на повеќе признанија и награди, меѓу кои и на Повелбата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.
OhridNews












