Одржана меѓуопштинска работилница за организациски вештини. Волонтерите на Клубовите на млади од Црвен Крст Охрид и Црвен Крст Струга се стекнаа со нови вештини за организација на настани и активности во рамки на работилницата која се одржа во просториите на Црвен крст Струга.

На работилницата учесниците прикажаа добра тимска работа, стекнаа нови вештини и пријателства како и споделија иницијативи за кои се залагаат младите, иноформираа од Црвен Крст Охрид и потенцираат дека соработката помеѓу учесниците е „клучниот виновник“ за успешна работилница.

Обучувачи беа Анастасија Стојаноска и Сара Коваческа.

 

OhridNews