Екипите на Интер и Јувентус водат жестока битка за врвот во Серија А, но дефинитивно Каљари и Сампдoрија на „Сардења“ стадионот го одиграа мечот во досегашниот дел од сезоната во калчото. Домаќините во последните 15-тина минути анулираа негатива од 3-1 и стигнаа до победа 4-3.

Воведот од натпреварот наговестуваше голема борба, но не и голеада. Двете екипи се бореа на средината од теренот, а Сампдорија успеа да постигне еден погодок и на одмор да замине со минимално водство. На стартот од второ полувреме Самподрија поведе со 2-0. Каљари намали на 2-1, но гостите брзопотезно го вратија водствот од два голови 3-1. Домаќините со фуриозен финиш најпрво намалија на 3-2, па израмнија на 3-3 и во судиското продолжение го режираа фантастичниот пресврт.

Со победата во последниот меч од 14-та рунда, Каљари се проби во ТОП 4 на табелата во Серија А додека Сампдорија е 17-та пласирана со два бодови повеќе од Џенова која се наоѓа во опасната сезона.

OhridNews