Охридските кошаркари в сабота со почеток во 17 часот во 4-та рунда од плејаутот во Првата лига против составот на Пелистер имаат меч топка за опстанок во елитата.


Триумф над „зелено белите“ во последниот натпревар во „Билјанини Извори“ за сезонава на избраниците од Петар Чочороски ќе им донесе опстанок и нова шанса за докажување следната сезона. „Галебите“ во минатото трето коло добија прва опомена во плејаутот, откако неочекувано изгубија од Вардар на домашно тло.

Овој меч и другите дуели од оваа рунда во плејаутот и плејофот ќе бидат со хуманитарен карактер. Официјалните лица на натпреварите се откажаа од своите примиња за помош на Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар.

Двојки:

Плејаут: АВ Охрид – Пелистер, Вардар – Струмица

Табела: АВ Охрид 23, Струмица 23, Пелистер 22, Вардар 18.

Плејоф: Фени Индустри – Куманово, Работнички – Кожув, Карпош Соколи – МЗТ Скопје

Табела: МЗТ Скопје 6, Карпош Соколи 6, Кожув 4, Работнички 4, Куманово 4, Фени Индустри 3.

OhridNews