Фудбал во Англија ќе се игра во следните два дена, во вторник и среда на програмата се натпреварите во рамките на шеснаесетфиналето во Лига купот.

Дербито на оваа фаза ќе го одиграат Манчестер Јунајтед и Њукасл, дуелот на програмата е во среда. Интересно и неизвесно се очекува да биде и на натпреварот во Бирмингем, помеѓу ВБА (го бележи најдобриот старт во Премиер лигата) и Ливерпул (екипа која во првенството сеуште нема победа и се наоѓа на претпоследната позиција).

Вторник, 25. септември:
Бредфорд-Бартон
Челзи-Вулверхемптон
Кроули-Свонси
Лидс-Eвертон
Манчестер Сити-Астон Вила
МК Донс-Сандерленд
Престон-Мидлзбро
Саутемптон-Шефилд Венздеј
Свиндон-Барнли
Вест Хем-Виган

Среда, 26.септември
Арсенал-Ковентри
Карлајл-Тотенхем
Манчестер Јунајтед-Њукасл
Норич-Донкастер
КПР-Рединг
ВБА-Ливерпул.