Ракометарите на Охрид, викендов, во спортската арена „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на четвртфиналните мечеви од Купот на Македонија.


Куп возбудувањата во Охрид ќе започнат в сабота во 18 часот со натпреварот меѓу Прилеп и Вардар 2 додека „гладијаторите“ мечот со Тинекс Пролет го играат во 20:15 часот. Финалето во кое ќе се сретнат победниците од двата полуфинални мечеви е закажано в недела во 19 часот.

– Сон на секој спортист во колективен спорт е да учествува на завршницата од Купот. Ние како клуб сме многу блиску до остварување на тој сон. Не делат два меча кои можам да ги окарактеризирам најтешки сезонава. Противнците ни се познати, нема нешто што може да се скрие затоа очекувам прво „гладијатороска“ битка со Тинекс кој е наш најнезгоден противник, а потоа дуел со Прилеп во финалето. – изјави на пресконференцијата тренерот на Р.К. Охрид, Горан Андоновски.


Охриѓани според местото на табелата во регуларниот дел од Супер лигата и комплетираните четири победи над Тинекс Пролет и Прилеп ги прави фаворити пред историскиот предизвик.

–  Се надевам дека пред охридската публика ќе ја оправдаме фаворитската улога која ја имаме пред почетокот на 1/4 финалната група. Пролет и Прилеп успеавме два пати да ги совлада во регуларниот дел од Супер лигата, а зошто не и во Купот уште еднаш. – рече левото крило, Крсте Андоновски. 

Пивотменот во составот Елдин Вражлица побара помош и поддршка од охридската публика која до сега беше ветар во грб на ракометарите во сите мечеви во Супер лигата. – Нашиот противник в сабота многу ни е должен, иако ништо не ни има направено. Посакувам полна сала како против Вардар затоа што тоа ни дава сила да играме против било која екипа на домашен терен. Со нетрпение го очекуваме расплетот од Купот, а потоа ќе се насочиме кон другите предизвици. 

„Гладијаторите“ со пласманот во плејофот испишаа една страница, а во Купот на Македонија ќе имаат шанса за нова во охридскиот ракомет.

Мх.П.