На мечот одигран на националната арена “Филип Втори“ во Скопје хрватските навивачи не бираа зборови и средства при омаловажувањето на натурулизираниот хрватски репрезентативец, Бразилецо Самир. Исто така хрватските навивачи фрлија запалени бакли кои направиле штета на атлетската патека на “Филип Втори“.
На пресконференцијата после мечот, селекторот на Хрватска Игор Штимац на прашањето за хрватските навивачи, рече дека тие се обични хулигани кои ја срамат Хрватска.
На натпреварот Србија – Велс во извештајот било наведедно дека имало нереди на трибините. Србија веќе е под истрага откако младите фудбалери се пресметаа со своите врсниците од англиската селекција во бараж средбата за ЕП 2013 во Израел.
Мх.П.