Според англискиот портал People, португалскиот тренер Жозе Мурињо може наскоро да добие отказ од Реал Мадрид.

Во сторијата се споменува дека првите луѓе на мадридскиот кралски клуб особено му забележувале на Мурињо за срамното однесување по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите,  поради што Реал Мадрид го очекува казна од УЕФА.

People пишува дека управата на Реал Мадрид го разгледувала раскинувањето на договорот со Жозе Мурињо, доколку овој не успеа да ја мине Барселона во реваншот на „Камп Ноу“ и да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Иако Мурињо со мадридските „кралеви“ веќе има една титула, кога во финалето на Копа дел Реј го совлада најголемиот ривал Барселона, и по седум години го доведе Реал до полуфинале во Лигата на шампионите, раководството на клубот не е задоволно од релативно сигурната елиминација во полуфиналето и затоа што Барселона има речиси недостижна предност во шпанското првенство.


Покрај тоа, во Реал се незадоволни и од однесувањето на  Португалецот. Мурињо ниту е доведен, ниту е толку платен за да биде втор и од тој аспект неговата работа оваа година во Реал е под очекувањата. Кога на сето тоа ќе се додадат и приказните околу судиите, распоредите на натпреварите и сличните оправдувања што Португалецот ги сервира по речиси секоја лоша партија, станува јасно зошто неговата скапа фотелја полека, но сигурно се ниша.

Шлаг на тортата е поразот во првенството од реал од Сарагоса со 2:3 и тоа среде Мадрид. Мурињо по мечот ја презеде одговорноста и ја призна вината, но тешко дека сето тоа ќе го поправи целиот впечаток

“извор Макфакс“
Ohridnews