Ракометарите на Охрид ја забележаа деветтата победа сезонава, откако на домашен терен со 43-29 (22-10) го совладаа последнопласираниот на табелата, Борец.

„Гладијаторите“ не употребија ниту половина сили за да стигнат победата и ја зачуваа снагата за мечот со Радовиш, кој ги очекува во четврток во 18 часот. Голем дел од играчите одиграа само десеттина минути, а некои воопшто заиграа.

После добриот почеток и водство од 7-1 на сцена комплетно стапија младите ракометари на Охрид кои на дело го покажаа квалитетот. Разликата се зголемуваше и на одмор заминаа со водство од 12 погодоци (22-10). Во вториот дел охриѓани ја одржуваа разликата и прокнижија нови три бодови на табелата со триумф (43-29).

Во четврток со почеток во 18 часот Охрид на домашен терен ќе го пречека Радовиш во последниот меч во годината што изминува.

РК Охрид: Брауновиќ (8 одбрани), Јовановски, Трајкоски (6 одбрани), К. Андоновски 1, Ивановски 6, Блажески, Костов 8, Соколов, Д. Андоновски 6, Тасески 2, Ристески 6, Георгиевски, Симоноски 5, Димитријески, Петровиќ 9, Везенковски.

РК Борец: Солев (1 одбрана), Ацев (2 одбрани), Белчовски, Кочов 6, Илиевски 2, Јордановски 3, Крстовски 2, Смилев, Минов 11, Ристовски, Ристов 2

OhridNews