
Членовите на РК Вардар се одликуваат со „Медал за заслуги за Македонија“ за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг, освојувањето на титулата европски клупски шампион што е од исклучително значење за Република Македонија и за нејзина афирмација во светот.
Признанието „Повелба на Република Македонија“ на РК Вардар се доделува за постигнатите исклучителни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено, освојувањето на титулата европски клупски шампион со што се дава значаен придонес за развој и за популаризација на овој спорт во земјата и за афирмација на Република Македонија во светот.
OhridNews











