Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во текот на вчерашниот ден донесе указ со кој се одликуваат членовите на македонската кошаркарска репрезентација со “Медал за заслуги за Македонија”.

Одликувањето е за постигнатите врвни резултати во кошарката на меѓународен план, со што македонската кошаркарска репрезентација, како што соопшти Кабинетот на претседателот,  даде исклучителен придонес за развој и популаризација на овој спорт во земјата и афирмација на Република Македонија во светот.

OHridnews