Во соработка на Специјалната болница за хируршки болести “Филип Втори” и Црвениот Крст на Македонија, утре, во рамки на здравствениот караван, стручни медицински екипи од специјалната болница “Филип Втори” ќе го посетат Охрид.
Во просториите на Црвен крст Охрид предвидено е да се реализираат неколку предавања поврзани со кардиоваскуларните заболувања и дијабетот, по што присутните ќе имаат можност за консултации со стручните лица од „Филип Втори“.