Утре, во хотелот Десарет започнува петтиот Конгрес и 40- те Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари.

Пријавено е учество на голем број стручни лица од оваа област на превентивната медицина од Македонија и странство, а ќе се обработуваат теми и содржини кои во голема мера ќе допринесат за подигањето на нивото на знаењата и ефикасноста на услуги на институциите кои се занимаваат со оваа проблематика. Меѓу нив е и охридскиот Центар за јавно здравје, кој континуирано ги следи и применува новитетите во областа на превентивната медицина.

OhridNews