По поразот од Леванте(0:1), ремито без голови со Расинг Сантандер за Реал Мадрид рамно е на пораз.  Нападот со Кристијано Роналдо, Бензема, Озил, Хигуаин и Ди Марија за 180 минути не успеа да даде гол, а со еден од шесте можни бодови тоа е доволна причина шпанските медиуми да упатат повеќе критики за тимот од Сантијаго Бернабе.


„Тоа се вика фрактура среде преголем стрес! Очигледно фудбалерите на Реал шутираат под притисок и имаат психичка блокада во ситуации кога мораат да победат“, пишува „Ас“.

„Фудбалерите кои сакаат тренерот да си замине играат натпревари на овој начин како што Реал одигра во Сантандер. Не сакам да имплицирам дека целта на Роналдо и компанијата е заминување на Мурињо, бидејќи мнозинството сè уште слепо верува на својот тренер“, напомнува „Ас“.

Понатаму во текстот се наведува дека Реал игра без идеја.

„И претходно Реал знаеше да одигра лошо, но сега во соблекувалната постои проблем бидејќи очигледно главата е на некое друго место. Се чини дека го снема доброто расположение, а императивот за победување ја уби радоста за настап. Ова е лош почеток, кој потврдува дека натпреварите со Барселона во финалето на Купот биле само блесок“, се вели во текстот.


Сличен коментар донесува и „Марса“.
„Реал не успеа повторно и повторно ги повтори грешките од минатите натпревари. Изгледаа целосно безидејно и ситуацијата сега е алармантна…Нема барут, во последните неколку мечеви нивните капацитети се намалени“, пишува Марса.

И „Ел Мундо Депортиво“ нагласува дека Реал не создал ниту една стопроцентна шанса.

„Изгледаат лошо кога ја имаат топката, а кога ја немаат, многу тешко ја освојуваат. Со ништо Реал не импресионираше, Мурињо сакаше три бода, но не му помогна ниту внесувањето на Хигуаин, кака и Ди Марија. Делуваа изгубено, а и Касиљас ги спаси од пораз“.

„Ел Паис“ истакнува дека Реал потфрли на „пријателски терен“.Ѕвездите на Реал беа дочекани како на црвен тепих, а се загубија во рокадите на Мурињо. Џаби Алонсо остана заглавен во средината, иако имаше телохранител од типот на Дијара, Озил повторно беше исклучен, а способноста на Роналдо да ги решава мечевите исчезна.

„Реал веќе може да биде загрижен за трката за шампионската титула. По Леванте, синоќешното реми воопшто не им дојде добро“, заклучува „Ел Паис“.

“Макфакс“
Ohridnews