Победата над БИХ и пласманот на Македонија во наредната фаза како првопласирани во групата, ги стави повторно нашите јунаци на насловните страни на медиумите во регионот. Тие потенцираат, дека на Македонија не треба да се гледа како на изненадување туку како на една респектабилна селекција, која знае што сака.

По слободните два дена Македонија натпреварите ги продолжува во четврток против Грузија од 14.30 минути.