Медиумите туркаат свои фаворити за клупата на Јонуз
09.10.10 14:20
Слабиот старт на македонската А селекција, поразот од Словачка во финишот од мечот со 1-0, како и спасот од пораз против Ерменија во Скопје, по кој на теорија се сведоа нашите шанси за пласман на ЕП 2012 им дадоа простор на медиумите да почнат со лицитирање за местото на клупата на Мирсад Јонуз.
Така македонскиот дневен спортски весник “Македонски Спорт“ како главен адут за клупата на Јонуз го споменува поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски, со кого Македонија беше најблиску до пласман на едно големо натпреварување. Хаџиевски во изјава за весникот вели дека не би имал ништо против да се врати на шефовското место во репрезентацијата. – И до мене стигнаа најавите дека сум бил во комбинација да го заменам Јонуз, но не би коментирал ништо. Нека поминат дуелите со Андора и Русија- изјавува Хаџиевски од Баку
Хаџиевски фаворит според Македонски Спорт
Дневниот “Утрински“ весник, пак на местото на Мирсад Јонуз го мести доскорешниот српски селектор Радомир Антиќ . Според извори на весникот двајца познати менаџери, од кои едниот се обидуваше на чело на македонската репрезентација по заминувањето на Среќко Катанец да го доведе хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ, веќе им навестил на раководните луѓе на Фудбалската федерација на Македонија дека постои можност Антиќ да дојде во Скопје.
Утрински го “посакува“ Антиќ
Повторно во пресрет на еден од за нас важните мечеви во квалификациите , против Русија во вторник, се бранува и јавноста и расположението во националниот одбор. Во јавноста останува отворено и неразјаснето прашањето зошто капитенот Пандев во овие деликатни моменти за репрезентацијата дополнително долеа масло на огнот со неговите изјави за наводно повлекување од репрезентацијата.
Ќе игра или не игра за Македонија?
Селекцијата на Русија ќе биде голема планина за искачување за селекторот Мирсад Јонуз кој покрај расположената селекција на Адвокат, ќе треба да ги смири и страстите во соблекувалната кои по ваквите написи и тоа како се разнишани. Од друга страна ако се точни наводите на медиумите, ако веќе е стокмена смената, мечот со “зборнајата“ за Јонуз ќе биде натпревар во кој нема што да се загуби и опуштено ќе може техничко – тактички да се подготвува за натпреварот кој може да ја продолжи неговата авантура на клупата.
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.