Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, смета Советот за радиодифузија – СРД. Регуларното тело укажува дека медиумите се изложени на голем притосок од центрите на политичка и економска моќ, како и од сопствениците на медиуми. Тоа можеби е последица на моменталната состојба поврзана со превремените парламентарни избори, но не може да биде оправдување за загрозување на слободата на медиумите, смета СРД.
– Слободата на медиумите е прашање кое што е алармантно, прашање што многу не загрижува и ние
како регулаторни тела треба да посветиме многу време и внимание. Сметам
дека после изборите една од главните седници на Советот за
радиодифузијата треба да биде посветена токму на парашањето на слободата
на изразувањето и на медиумите и да донесеме конкретни заклучоци за
целата состојба во Република Македонија, изјави Зоран Стефановски, претседател на СРД.
Слична е состојбата и во земјите на регионот, според кои е потребно да се изгради концепт за заштита на слободата на изразување.
– Слободата на медиумите не е концепт кој може да се реши
административно. Тоа е постојана борба, практично освојување на
слободатата.-истакна Горан Петровиќ – претседателот на Радиодифузната агенција на Република Србија.











