
Според агендата, овој семинар ќе се фокусира на прашањата на сопственоста на медиумите, на механизмите за саморегулирање и на новинарскиот кодекс и етика. Во рамки на семинарот ќе биде направен преглед на целокупната состојба на медиумите во Европа и ќе бидат прикажани низа на примери.
Овој семинар ќе биде отворен првенствено за македонските новинари и претставници на граѓански организации, но сепак не е исклучено учеството на претставници од јавната администрација, локалните власти и меѓународните организации.











