“Култура на дебатирање, слободата на изразување и независните медиуми” ќе биде насловен семинарот за медиумските  работници од Македонија, што ќе  одржува од утре во Охрид, во рамките на програмата People 2 People во соработка со Европската Унија.

Според агендата, овој семинар ќе се фокусира на прашањата на сопственоста на медиумите, на механизмите за саморегулирање и на новинарскиот кодекс и етика.  Во рамки на семинарот ќе биде направен преглед на целокупната состојба на медиумите во Европа и ќе бидат прикажани низа на примери.

Овој семинар ќе биде отворен првенствено за македонските новинари и претставници на граѓански организации, но сепак не е исклучено учеството на  претставници од јавната администрација, локалните власти и меѓународните организации.

OhridNews