Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, изјавил вчера дека американските ракетни напади врз воздухопловната база во Сирија ги довеле САД на чекор до конфликт со руската армија, јавува „Макфакс“.

Сателитските снимки покажуваат дека во засегнатата воздухопловна база Шајрат се сместени и руските специјални сили и дека таа содржи руски воени хеликоптери. Таа е дел од планот на Кремљ да им помогне на сириските власти во борбата против Исламската држава.

Американски официјални лица ги известиле однапред руските сили за нападот за да се засолни рускиот персонал. Сепак, Москва објави дека се повлекува од договорот со САД што се однесуваше на намалување на бројот на инцидентите меѓу двете држави при дејствувањето во Сирија. Руското МНР повика и на итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

Според весникот „Вашингтон пост“, американскиот напад во Сирија отвара реална можност за директен судир со Русија, која има сили на теренот во таа земја и одбранбен систем способен да ги собори американските авиони и ракети. Руските војници се помешани со сириските сили во базите и на борбените линии и било каков напад на сириските воени цели може да ги загрози и руските војници. Во овој напад сепак немаше жртви меѓу руските војници.

Експерти: Причината за ударот врз Сирија се внатрешните проблеми на САД

Некои експерти истакнуваат дека ударот на САД врз Сирија може да се поврзе со неуспесите во внатрешната политика во земјата. Реформите на Доналд Трамп колабрираат, неговиот рејтинг драстично паѓа.

Од друга страна руските политичари, забележуваат дека тоа ги поткопува и онака влошените руско-американски односи, а тоа воопшто ја дестабилизира ситуацијата во целиот свет, информира во петокот НТВ.
“Тоа безусловно е удар и врз руско-американските односи, од кои и во моментов не е останато многу.

Тоа е многу лош старт за можниот почеток за дијалогот, кој беше го најавен од државниот секретар на САД Тиларсон.

И, се разбира тоа сведочи за дека САД градат својата политика не врз основа на размислена студија на своите национални интереси, туку поаѓајќи од внатрешно политички причини “, изјави Вјачеслав Никонов, пратеник од Државната дума на Русија.

Слично мислење за причините за ракетниот удар на САД врз воениот аеродром “Шајрат” изрази и портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

OhridNews
извор: „Макфакс“