Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека руската војна во Украина „постигнува мир според условите на Москва“ и дека Западот има за цел да ја уништи Русија.

Русија спроведува специјална воена операција во Украина и постигнува мир според нашите услови, рече тој, пренесе Би-би-си.

Медведев тврди дека војната во Грузија во 2008 година, проширувањето на воената алијанса на НАТО на запад и војната во Украина се дел од обидот на САД и нивните сојузници да ја уништат Русија.

Целта е иста, да се уништи Русија, нагласи Медведев.

OhridNews