За прв пат во историјата Охридскиот пливачки маратон не беше завршен целосно поради силното невреме што во попладневните часови саботата го зафатија регионот на Охрид и Струга. Но се до тој момент кој се случи на 19-от километар од предвидените 25, во езерото се одвиваше вистинска спортска драма за што потврда е фактот што во времето на прекинот во машка конкуренција во водство беа тројца пливачи: италијаните Матео Фурлан и Федерико Тамборино и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Согласно пропозициите тројцата беа прогласени за победници на маратонот.
Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина која е прогласена за победничка. Второпласирана беше нејзината сонародничка Ерика Јенсен, а трета Милица Љубисављевиќ од Србија. Четврта на прекинатиот маратон заврши нашата Росана Гошева.
Како изгледаше спортската драма погледнете од фото репортажата на нашиот фотограф Анамарија Момироска:
Мега галерија од мега драмата на 38. Охридски пливачки маратон
Охридскиот пливачки маратон и оваа година се одржа во склоп на Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival).
OhridNews
Фото: Анамарија Момироска