Пред преполни трибини и во одлична атмосфера, со финалниот натпревар и свеченото доделување на наградите беше спуштена завесата на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.
Екипата на АСП ПАК заслужено ја освои шампионската титула, Др. Баткоски славеше во натпреварот за трето место, а во богатата фотогалерија ви ги пренесуваме најубавите моменти од финалната вечер, прославата на победниците и доделувањето на индивидуалните признанија што ги освоија Стефан Петрушески (АСП ПАК) – најдобар играч, Оливер Дишлиески (Инекс Олгица Хотел и Спа) – најдобар стрелец, Оливер Митрески (Инекс Олгица Хотел и Спа), Љатиф Фератоски (Златара Бени Ерол) – најдобар играч.
АСП ПАК заслужено ја освои шампионската титула на 51. турнир „Петровден“ – Мешеишта
Фото: Аанамарија Момироска I OhridNews









































































































































