Светскиот првак Шпанија против домаќинот Бразил ќе се сретне во финалето од Купот на Конфедерации кое се игра в недела на полноќ.


„Црвената фурија“ во полуфиналниот дел ја совлада Италија по изведување на пеналите со 7-6 откако регуларниот дел и двете продолженија завршија 0-0.

Пенал серијата ја започна Кандрева, кој со „паненка“ го легна Касилјас, на тоа возврати Чави. Аквилани и Иниеста беа прецизни во втората серија, Де Роси и Пике во третата, Џовинко и Рамос во четвртата, Пирло и Мата во петтата. Во шестата ништо не се промени, мрежата ја погодија Монтоливо за Италија, Бускетс за Шпанија.

Одлуката за селекцијата финалист во Купот на Конфедерации падна во седмата серија. Дефанзивецот на “азурите“ Бонучи биеше над голот, а Хесус Навас погоди и ја одведе Шпанија во финалето на мегдан со Бразил.


Поразените селекции од полуфиналните дуели Италија и Уругвај во „малото финале“ ќе се борат за утешното трето место.

Мх.П.