Во присуство на деловни партнери и пријатели, со свеченост што се одржа синоќа, „Мега продукција“, го отвори претставништвото кое се наоѓа во ТЦ Амам на кат. Отворањето на компанијата е овозможено преку проектот на UNDP за самовработување.



– Иако оваа дејност е застапена во Охрид, „Мега“ продукција на клиентите ќе им понуди поинаков и сосема нов квалитет и реализација на проекти во најнова дигитална технологија. Продукцијата располага со современа опрема во која се инвестирани над 40.000 евра, како и со високо професионален кадар кој може да одговори на потребите на клиентите било да се работи за снимање на свечености, семинари, или концерти, како и изработка на каталози, дизајн, PR и други услуги, вели Ѓоко Наумовски, сопственик и менаџер на „Мега“ продукција.

Зад Мега продукција стојат голем број успешно реализирани проекти, тв
спотови, документарни и забани емисии. Меѓу другото оваа продукција
учествуваше во реализација на емисијата „Охридски разговори“, стендап
комедијата „Идиотека“, како и во изработката на докумантарниот филм за
Водици 2011, што се емитуваа на OhridNews.

OhridNews