
-Влегувањето на постапката кај надлежните институции ако е несоодветно и непрофесионално изведена или ако на пример детето пак се соочува со силувачот, претставува повторување на насилството, само што во овој случај освен преживеаното сексуално насилство детето трпи психичко насилство и од самата институција, односно од поедини стручни лица вклучени во постапката, велат од „Меѓаши“.Да се биде сведок или жртва на злосторство, а потоа да се учествува во судската расправа е многу тешко искуство за возрасни луѓе, а уште потешко за децата, објаснуваат од „Меѓаши“.
Првата детска амбасада затоа бара од државата соодветна заштита на децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање, а Собранието да ја ратификува Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба чиј потписник е и Република Македонија.












