Во рамките на тренингот за „Поддршка на ранливите групи деца во Македонија„ , вчера во општина Охрид се одржа работилница на тема: „Проблеми со кои се соочуваат надлежните институции кои се занимаваат со проблематиката на децата и продлабочување на меѓусебната соработка“.

На работилницата свое обраќање имаше директорот на Првата детска амбасада ,,Меѓаши” , а во дебатата учествуваа и претставници од Локалната самоуправа, од образовните институции, од Центарот за социјални грижи и дел од советниците на општина Охрид.

Учесниците на работилницата ги посетија и паралелките на деца со посебни потреби при основното училиште „Св. Климент Охридски“, а остварија средба со претставници на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во градинката „Росица“ во  Лескајца.

OhridNews