Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ упати реакција на свирепото телесно казнување на 7 годишното дете кое заврши со смрт.
Последниот случај со претепување на дете кое заврши со смрт ја потврдува нашата загриженост и бројните реакции за поефикасна акција од страна на Центрите за социјална работа, да имаат увид во дисфункционални семејства и семејства во ризик, да вршат надзор на вршењето на родителското право, да преземаат мерка на привремено одземање родителско право додека односите во семејството не се доведат во релации кои ќе им гарантираат на децата сигурност и заштита, која како родителска одговорност е приоритет, велат од Меѓаши.
Оттаму апелираат до Центрите за социјална работа да преземат неопходни мерки за заштита на многуте жтрви на семејно насилство, а особено за младите и беспомошни детски судбини.
Првата детска амбасада во светот повеќе пати досега апелираше и алармираше дека телесното казнување над децата во Македонија е во пораст. Имено, податоците на СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 говорат дека во споредба со 2007 година кога насилството било застапено со 13,4% како проблем со кој децата се соочиле и имале храброст да го пријават е тројно зголемен во 2008 година кога за телесно казнување и сите форми на насилство над децата е застапен со 32,5% од вкупниот број јавувања. Досега на СОС телефонот во изминатите 16 години се јавиле 17.407 деца и возрасни за одредени проблеми со кои се среќаваат.
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за сла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.