17-ти Декември е ден кој ги обедини сите сексуални работници ширум светот, гласно да говорат за ставот против дискриминацијата, и со своите делувања да ја подигнат свесноста кај пошироката популација која секојдневно пренесува насилство и агресија кон оваа маргинализирана група на луѓе. Тие се соочуваат со закони кои не ја поддржуваат нивната работа, кои придонесуваат за нивно дискриминирање, криминализирање и изолирање од социјалниот живот. Истите, оневозможуваат и ги обесхрабруваат сексуалните работници да ги пријавуваат насилствата.-посочуваат од НВО „Опција“.
Идејата за првичното одбележување на 17-ти Декември произлезе од Д-р Ени Спринкл, со цел да им даде поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот на 46 сексуални работнички од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон.
Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници го усвои црвениот чадор како симбол за отпор против дискриминацијата.