Од утре до 6- ти октомври, во хотел Метропол, ќе се одржи Меѓународниот симпозиум ЕНЕРГЕТИКА 2012, што се организира на секои две години.
Се очекува да присуствуваат голем број домашни експерти од областа на енергетиката, како и учесници од странство.
 
Годинава, Здружението на енергетичарите на Македонија, одбележува и дваесет години од формирањето на Здружението на Енергетичарите на Македонија.

– За овие години во здружението “продефилираа” голем број на научни работници, академици, директори на големи компании, експерти од разни области на енергетиката од Македонија и светот. Беа оддржани голем број на еднодневни-дводневни советувања, седумнаесет Меѓународни Советувања, со претставници од Европа, Азија, Америка, Јапонија, и Балканските земји и беа публикувани 17 зборници со преку 1700 трудови, потенцираат од здружението.

OhridNews