Културно-уметничкото друштво „Филиграни“ од Охрид во рамки на активностите за одбележување на престојниот празник 11 октомври организира свечена фолкорна вечер, со учество на гости играорци од Хрватска и Бугарија.

Според изјавата на уметничкиот раководител на „Филиграни“ Александар Петровски, вљубениците во народната песна и игра ќе можат да уживаат во настапите на играорците и пејачките секции на домаќините од КУД „Филиграни“, како и на фолкорните ансамбли „Св. Роко“ од Свети Филип и Јаков, Република Хрватска и „Витошки ритам“ од Софија, Република Бугарија.

Концертот ќе се одржи утревечер на сцената на Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток од 19 часот. Влезниците за концертот со симболична цена од 20 денари.

OhridNews