На свеченото отворање на конференцијата ќе присуствуваат Министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Фатмир Бесими и Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Гордана Јанкулоска.
Според најавите, на Конференцијата свое учество ќе земат над 90 учесници од 7 земји од високо образовни институции, од Југоисточна Европа.
Меѓународниот nаучен собир е во организација на Факултетот за безбедност-Скопје при Универизтетот „Свети Климент Охридски” во соработка со Факултетот за безбедносни студии во Љубљана, Словенија; Полициската академија ,,AlexandruIoan Cuza” во Букурешт, Романија; Криминалистичко-полициската академија во Белград, Србија; Високата полициска школа на МВР од Хрватска; Академијата на МВР на Република Бугарија и Високата школа за внатрешни работи, Босна и Херцеговина, Република Српска.
Учесниците ќе дебатират за Евроатланските интеграции и перспективи на Балканот; Менаџирањето со ризици и кризи како безбедносен предизвик; Образованието за полициските и други безбедносни професии; Науката за безбедност, криминолошките полициските и криминалистичките и други сродни науки-теориски, епистемолошки и методолошки проблеми на науката и системот на науки и многу други теми од областѕ ана безбедноста.