СВР Охрид побара од МВР да распише меѓународна потерница по 14-годишно девојче од охридско. Како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потрагата  ќе биде проширена надвор од државата, поради сомнежи дека девојчето по кое се трага повеќе од две недели ја напуштило земјата.

Ова е втор пат девојчето да го напушти својот дом. Предходно тоа беше на еден викенд, кога во придружба на родител 14-годишното девојче се вратило дома. Но, набрзо потоа тоа повторно заминало и ја нема повеќе од две седмици.

Полицијата работи на случајот, како и на расветлување на околностите кои ја навеле младата девојка да го напушти домот.

OhridNews