На неодамна одржаниот Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, Србија, ресторанот „Дамар“ од Охрид се закити во признание – Златна плакета за квалитет. Оваа награда е уште една потврда на квалитетите на охридското угостителство и туризам.
Дека е тоа така, докажаа и охридските хотели „Десарет“ и „Метропол“, хотелот „Макпетрол „Струга“, како и ресторанот „Острово“ – Св.Наум.
Сите тие добија признанија за квалитет во туризмот.