„Хронични тотални оклузии на коронарните артерии“ ќе биде главната тема на еднодневната меѓународна работилница за интервентна кардиологија, која ќе се одржи во Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. 

Со работилницата на која ќе учествуваат реномирани интервентни кардиолози од регионот, ќе ја раководи проф. д-р Џорџ Сианос, од Грција, кој е еден од најдобрите интервентни кардиолози и експерти за оваа проблематика во светот.

За првпат во Македонија ,работилницата ќе се одвива со аудио-визуелен пренос на слика во живо од операционата сала до салата за аодиториумот, со што ќе  овозможи интерактивните дискусии меѓу операторите и кардиолозите да одат во живо.

Оваа работилница е прва од ваков вид што се организира на територијата на  Република Македонија.

OhridNews