Во периодот од 19-28 јули 2013, младинската организација КРЕАТОР Куманово ја имплементира младинската размена “Second Chance” во Охрид. 42 учесници од 6 европски земји, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија учат и дебатираат на теми поврзани со заштита на животната средина со посебен акцент ставен на можноста за повторна употреба на стари и веќе користени материјали. Во исто време разменуваат искуства и идеи и созадаваат подлога за остварување на идна соработка. Во текот на 9-те дена кои ќе поминат заедно во Охрид, тие ќе ги претстават своите земји, својата култура, својата традиција преку различни активности предвидени со проектот. Ќе ја имаат можноста да го запознаат Охрид и неговите убавини. На последниот ден од размената, 27-ми јули, 50 дечиња кои што се во охридските одмаралишта ќе бидат вклучени во таканаречениот “Ден за втора шанса” за време на кој ќе учествуваат во креативни работилници- создавање на нови употребливи работи од стари искористени работи. Тие ќе имаат можност да создаваат нови детски играчки, нов накит, разгледници, обележувачи за книги, украсни кутии и сл.
“Организирање на вакви младински размени, е од голема важност, во исто време се учат нови работи, младите се запознаваат и забавуваат. Секој млад човек треба да ја има можноста да учествува на слични настани. Што повеќе луѓе запознаваме, што повеќе нови култури откриваме, толку сме побогати.”, рече Марта Николовска, еден од организаторите на настанот.
Како финален резултат од младинската размена, локалната организација КРЕАТОР Куманово ќе испечати брошура на теми опфатени со проектот како и промотивен краток филм кој ќе говори за она што се имплементирало за време на размената.
Младинската размена е финансирана од страна на Европската Комисија од Брисел, преку програмата Млади во Акција.
Со богата програма која почна вчера, во Охрид се одбележа Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни Во рамки на одбележувањето на плажата К’ј Дивоно се одржа дефиле на едрилици Фестивалот „Balkan Music S...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими група американски државјани предводени од Мајк Зафировски, кои од денеска престојуваат на аџилак во земјава Изразувајќи огромна благодарност за прие...
Патот од Подмоље до Охрид од вечерва се пушта за сообраќај, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски Со директорот Коце Трајановски извршивме увид во изградбата на автопато...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.