Во периодот од 19-28 јули 2013, младинската организација КРЕАТОР Куманово ја имплементира младинската размена “Second Chance” во Охрид. 42 учесници од 6 европски земји, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија учат и дебатираат на теми поврзани со заштита на животната средина со посебен акцент ставен на можноста за повторна употреба на стари и веќе користени материјали. Во исто време разменуваат искуства и идеи и созадаваат подлога за остварување на идна соработка. Во текот на 9-те дена кои ќе поминат заедно во Охрид, тие ќе ги претстават своите земји, својата култура, својата традиција преку различни активности предвидени со проектот. Ќе ја имаат можноста да го запознаат Охрид и неговите убавини. На последниот ден од размената, 27-ми јули, 50 дечиња кои што се во охридските одмаралишта ќе бидат вклучени во таканаречениот “Ден за втора шанса” за време на кој ќе учествуваат во креативни работилници- создавање на нови употребливи работи од стари искористени работи. Тие ќе имаат можност да создаваат нови детски играчки, нов накит, разгледници, обележувачи за книги, украсни кутии и сл.
Меѓународна размена “Second Chance” во Охрид

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com