Денеска во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе биде отворена шестата по ред меѓународна конференција „ICT innovation 2014.“

Конференцијата на која ќе учествуваат универзитетски професори по информатика и компјутерско инженерство, има за цел да го подржи развојот на информатичките и комуникациските технологии во Македонија, на Балканот и поширокот, особено во областа на образованието, истражувањето и примената на иновативни технологии.

На конференцијата се очекува присуство на Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.

OhridNews