Деновиве Охрид е домаќин на форумот  “Политика на перспективи на еколошки одржливо земјоделство и рурален развој во Југоисточна Европа ” со фокус на еколошки одржливото земјоделство и рурален развој, климатските промени поврзани со предизвици и територијалната  и регионалната соработка.

Форумот ќе  промовира и стимулира дебати и дискусии за политички прашања меѓу креаторите на политиката, владини и невладини организации од земјоделството и руралниот развој, вода и шумарство во ЈИЕ. На него учествуваат релевантните меѓународни политички и развојни институции, национални и меѓународни експерти и академици со  цел да се обезбеди техничка позадина за процесот на креирање политики и да се добијат нови идеи за политички совети и  активности.

Учесницити пресотојот во Охрид го искористија  и за посета на новиот Инфо Центар на Националниот Парк „Галичица“.

OhridNews