Меѓународни институции ќе ја финансираат заштитата на Црн Дрим
24.11.08 00:04
Меѓународни институции експертки и финансиски ќе ја поддржат реализацијата на прекуграничен Проект за управување со басенот на реката Дрим. За ова ќе стане збор на консултативниот состанок што денеска ќе се одржи во Тирана-Албанија.
Проектот е поддржан од македонското Министерството за животна средина и просторно планирање преку Билатералниот Комитет за заштита на охридското Езеро . Овој проект е нужно продолжение на активностите и искуството од билатералниот прекуграничен проект за заштита на охридскиот слив, вели Дејан Пановски секретар на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, кој ќе ја претставува Македонија на состанокот во Тирана.
Интегрираното управување на ниво на речни басени е обврска од Европската директива за води која е вградена во новиот Закон за води на РМ. Управувањето со сливот на реката Дрим каде еколошките предизвици се испреплетени со хидролошките и енергетските потреби е критично прашање и бара широк регионален консензус, изјави за Ohridnews, Пановски.
– Во име на Билатералниот секретаријат пред состанокот, се изјаснивме дека главните активности треба да се сконцентрираат на спојување на управувачки пакет за целиот слив заедно со езерата Преспа ,Охрид и Скадар, изготвување на брза дијагностичка анализа на сливот, формирање на мултилатерална Комисија за сливот на Дрим и подготвување на серија на инвестиции во сливот. Согласно пак Законот за води ние на национално ниво ќе превземеме активности за воспоставување на Совет на речниот басен како и изготвување на План за негово управување, рече Пановски.
Традиционална храна подготвена со увозни продукти не е традиционална Кога ќе одите во некоја земја прво што барате нешто традиционално Тоа ја зголемува потрошувачката и атрактивноста, а не го поска...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, денес ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВелгошти и е финанси...
Променливо облачно со сончеви периоди Во раните претпладневни часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено зас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.