Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој годинава се одржува по 45 пат, свечено ќе биде отворен денеска во Конгресниот центар на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”. На семинарот годинава учетво ќе земат околу 80  македонисти, слависти и балканисти, од земјава и светот, кои ќе ги соопштат своите истражувања од областа на јазикот и литературата.

Во рамки на семинарот ќе се одржи традиционалната летна школа за македонски јазик, литература и култура, на која ќе учествуваат над 100 ученици од 20 земји.

На свеченото отворање, денеска, свое обраќање ќе има Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

OhridNews