
„Ја осудуваме одлуката на новинарите да им се забрани следење на дебатата за прашања кои се од јавен интерес“ изјави претседателот на Меѓународната федерација на новинарите Џим Боумела.
„Оваа мерка е спротивна на добрите практики на парламентаризмот што својата работа ја води пред очите на јавноста. Клучен услов за тоа е пристапот на новинарите до информациите. Со наредбата да се отстранат новинарите, властите се ставија во позиција да одредуваат за што смее, а за што не смее да се известува“, смета Боумела.
И Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари го поддржуваат ССНМ во осудата на оваа одлука која се сведува на цензура и забрана за слободен проток на информации.
„Одлуката е многу повеќе обид за контрола на информациите отколку што е одговор на какви било безбедносни причини“, додава претседателот на Европската федерација на новинарите Арне Кениг.
„Нашите колеги заслужуваат извинување и гаранција дека ваква мерка никогаш не смее да биде повторена“, вели Кениг.
извор:„Макфакс“











