Меѓуопштинската соработка е еден од основните инструменти за раст и рамномерен развој на сите општини во Република Македонија- беше истакнато на форумот “Поттикнување на меѓуопштинската соработка- искуства  и предизвици во наредната година”, кој попладнево, во организација на министерството за локалана самоуправа, се одржа во Охрид.

–    Меѓуопштинската соработка е врвен приоритет во работата на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија. Нашите секојдневни активности се насочени во тој правец, затоа што ние во министерството сме убедени дека само на овој начин ќе ги поттикнеме општините меѓусебно да соработуваат и заеднички ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, истакна државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски.

На форумот беа разгледани постигнатите резултати во тековната , а воедно беа зацртани и приоритетите за наредната година.

Како што потенцираат организаторите, форумот е резултат на успешната соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и УНДП, и нивните заеднички напори за што поуспешна соработка помеѓу општините во Република Македонија.

OhridNews