– Луѓе што трошат 500 милиони евра народни пари за споменици на лавови, шмизли и мачки немаат морален кредибилитет да прашуваат за трошење пари. Доколку во ОК на ВМРО- ДПМЕ сакаат прецизни одговори нека го прашаат премиерот Никола Груевски како,кога и за што во изминативе 4 години потрошил 10 милијарди евра народни пари, стои во реакцијата на Локалната самоуправа.
Граѓаните уште чекаат одговор кога вработените во ЕМО, каде државата е мнозински сопственик ќе земат плата и зошто ја срушија старата, а не се гради новата зграда на охридската болница, велат од Локалната самоуправа.