„Цврсто веруваме дека за прашањето за името за кое се дискутира на ниво на ОН, наскоро ќе се изнајде взаемно прифатливо решение.

Ова денеска на на прес конференција на маргините на годишниот состанок на министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа – СЕДМ во Охрид, го изјави грчкиот министер за одбрана Евангелис Меимаракис.

„Ние веруваме дека нашата земја ги има направено потребните чекори напред, дека покажавме добра волја за да се најдеме на половина пат и доколку вашата земја ја покаже истата спремност да го решиме прашањето еднаш засекогаш и да можеме да продолжиме напред, а вашата земја да стане полноправна членка во меѓународните организации“ рече Меимаракис.

Грција искрено ги поддржува кандидатурите на сите земји за членство во евроатлантските структури, бидејќи тоа е единствен начин за обезбедување на стабилност и мир во поширокиот регион, додаде грчкиот министер за одбрана.

„Прашањето за името се решава повеќе од 10 години, но тоа не  не спречи да дојдеме тука во земјата која е наш пријател и сојузник и наскорои ќе биде наш партнер. Во таа насока и натаму ќе ја продолжиме нашата соработка. Тука многу грчки бизнисмени го вложуваат својот капитал,и ние се чувствуваме добро кога доажаме во вашата земја без разлика на прашањето за името, рече Мемаракис.

Ohridnews