Лестер Бо Мекејлеб беше најдобриот стрелец за тимот на Сиена Монтепаски во убедливиот триумф над Унион Олипија со 79-57.


Феноменалниот Мекејлеб уфрли 17 поени со 100% реализација, 7 од 7 од поле и 1 од 1 за три поени,придодаде уште 3 скока и 3 асистенции. Да не беа двете изгубени топки ќе беше тоа меч без грешка за натурализираниот македонец. Покрај Мекејлеб двоцифрени во италијанскиот тим завршија Лавриновиќ 12, Каукенас 11 и Мос 10.

Ако Бо беше 100%, капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ, шутираше со очајни 11%  (1/9 во поле, 0/3 за три). Антиќ укажанта доверба ја оправда со 12 скока најмногу во “црвено-белиот“ тим.  Спанулис беше играчот кој со 22 поени ја осигура првата победа во лигата над Фенербахче со 81-74.

М.П.