Сè уште не е познато колку време оваа повреда ќе го оддалечи Мекејлеб од кошаркарските терени. Паузата би можела да биде и подолга, бидејќи плејмејкерот лани го оперираше истото стапало, поради што паузираше два месеца.
Мекејлеб, кој пред две недели се врати во составот на Монтепаски, поради повредата на бутниот мускул мечот со Скаволини го заврши со пет поени, две асистенции и еден скок.
извор:„Макфакс“